Често поставувани прашања

Што претставува escape room?

+

Нашите соби се специјално модифицирани простори, базирани на специфична тема/сценарио. Декорациите се уникатни и воодушевувачки. Во внатрешниот дел група луѓе се заклучени и тие треба да ги најдат сите траги, да ги решат сите загатки, да ги отворат сите скриени врати и да се справат со сите необични објекти и механизми кои ја чуваат вратата заклучена. Времето поминува, а тимот мора да избега!
Дали треба да носам некоја специфична облека, да имам некое посебно знаење или способност за да можам да играм? Дали деца смеат да учествуваат?

+

Нашите соби се соодветни за сите возрасти (дури и собите со хорор теми) и сите што сакаат да доживеат поразлично и забавно искуство. Не ви е потребно посебно знаење и не треба да носите посебна облека. Удобната облека е секогаш најпрепорачлива!
Дали се понудени одредени пакети?

+

Ние нудиме можност за планирање на роденденски забави, Team Building настани, момински и ергенски забави, па дури и запросувања. 
Дали можам да играм сам?

+

Нашите соби се за однапред закажани тимови од минимyм 3 лица.
Кои се начините на плаќање?

+

Можете да платите на нашата рецепција во кеш или со кредитна/дебитна картичка или можете да резервирате и платите онлајн преку нашиот веб-сајт.
Дали можам да дојдам да играм без претходна резервација?

+

За да можете да играте мора претходно да направите резервација, или преку телефон или преку нашиот веб-сајт. Во секој случај, можете да ја проверите достапноста преку веб-сајтот или преку телефон.
Што ќе се случи ако во мојот тим има повеќе од 6 лица?

+

Нашите соби се спрецијално конструирани за тимови до 6 лица, од сигурносни причини и со цел подобро да се ужива во искуството. Затоа, за поголемите групи најдобар начин е да се резервираат две различни соби и да играат истовремено!
Клаустрофобичен сум и не сум сигурен дали ќе успеам да издржам. Дали можам да ја напуштам собата доколку се чувствувам дека морам да го направам тоа?

+

Нашите соби не предизвикуваат таков тип на фобија. Секако ако се почувствувате непријатно или вознемирено можете да притиснете на копчето за паника и да ја напуштите собата. Сепак внимавајте, ако еднаш ја напуштите собата повеќе не можете да се вратите внатре!
Дали можам да запишувам забелешки или да фотографирам?

+

Нашите соби се уникатни и тајни, па затоа пишувањето забелешки и фотографирањето и снимањето не се дозволени! Но, можете да одговорите на сите повици на вашиот мобилен телефон!