Денот кога ја изгубивме симфонијата, исчезна се. Сега повеќе не можеме да го слушнеме ритамот во зборовите кога зборуваме, мелодијата која се создава при секој наш чекор, хармонијата на ѕвездите кои блескаат...
Јас не бев доволно силен, доволно храбар, ниту доволно паметен за да ги спречам, а бев одговорен за музиката и сега се чувствувам како да ве изневерив. Шетам низ градот сам, барам некој кој ќе успее да ги поправи моите грешки и да стави крај на оваа неподнослива тишина.
Дали ти си тој?