Coming home

Додека пребаруваш низ работите во куќата која ја наследи, наеднаш го наоѓаш дневникот на вистинскиот сопственик.

Сфаќаш дека куќата припаѓала на твојата пра-пра-пра-пра тетка Дејзи која била еден од најбрилијантните научници и пронаоѓачи кон крајот на деветнаесетиот век. Таа никогаш не се омажила, а ниту пак имала деца, бидејќи целиот свој живот го посветила на науката.Како што остарела, така сфатила дека никогаш нема да има наследник кој ќе ја продолжи нејзината работа, па за таа цел го создала малиот, уникатен робот по име Грег.

Дејзи му го предала целото свое знаење на Грег, се до моментот кога сфатила дека повеќе ништо не може да го научи. Па така, решила да го испрати на долго патување околу светот, како би научил сам што значи да си човек.За време на неговото патување ѝ испраќал писма на Дејзи и некое време биле во постојана комуникаци, се до моментот кога му се губи секаква трага. Дејзи повеќе никогаш не слушна за него.

Долго време се прашуваш што му се случило на Грег, додека еден ден не доби повик од поштата. Оттаму ти кажаа дека пронашле пакет кој бил одамна изгубен и адресиран до Дејзи Бел. Како нејзин единствен наследник, се сложуваш да го примиш пакетот, а за кратко време пакетот се наоѓа пред твојата врата.

*Escape room во кутија е игра поразлична од стандардните escape room игри. Ова е нов и уникатен формат на board game и се состои од една приказна: збир на задачи, загатки, реквизити и водич за играчите. Учесниците во играта можат да решаваат логички проблеми, мистерии и загатки без да станат од столче. 
Кутијата за играње содржи се што ви треба за да ја започнете вашата авантура веднаш штом ќе ја отворите. Решението на една загатка, води кон нова последователна загатка. 

Локација: Адолф Циборовски 6а
Контакт: +389 72 260 041

2 - 4

Особи

60

Минути

Тежина