Pirates

Пиратите – Escape room во кутија

Поминаа години откако излеговте на отворено море. Ти беше само дете кога за прв пат слушна за големото богатство скриено на најдалечниот остров до кој може да се стигне само со помош на дрвената кутија полна со загатки и препреки. Оттогаш многу работи се случија. Го загуби својот татко во борбата со сирените, а твoјот вујко беше одвлечен во длабоката вода од страна на суштество со огромни пипци. Сега ти си оној кој го држи кормилото. Иако веќе ја имаш стекнато почитта од страна на сите други пирати и владееш со сите седум мориња, ти никогаш нема да се откажеш од сонот на твоите предци. Богатството мора да биде во твоите раце!

Ја продолжуваш потрагата, но дали ќе успееш зависи само од тебе.Yo ho ho
 

*Escape room во кутија е игра поразлична од стандардните escape room игри. Ова е нов и уникатен формат на board game и се состои од една приказна: збир на задачи, загатки, реквизити и водич за играчите. Учесниците во играта можат да решаваат логички проблеми, мистерии и загатки без да станат од столче.  
Кутијата за играње содржи се што ви треба за да ја започнете вашата авантура веднаш штом ќе ја отворите. Решението на една загатка, води кон нова последователна загатка. 
Локација: Анкарска 23, локал 14
Контакт: +389 72 266 672

2-4

Особи

60

Минути

Тежина