Saw
Вие сте група „жртви“ кои се заробени во соба полна смртоносни стапици поставени од сериски убиец. Тој смета дека вие не го заслужувате животот кој го живеете. Единствениот начин да бидете спасени е да му докажете дека заслужувате втора шанса. Трудејќи се да избегате, ќе се соочите со најпримитивни инстинкти за преживување. Треба да ги решите сите загатки кои убиецот ги има поставено специјално за вас. Дали ќе успеете?
Собата е достапна само на англиски јазик!
Само за возрасни! Не се препорачува за луѓе кои имаат пејсмејкер или епилепсија.
Локација: Кленоец 12Б
Контакт: +389 72 266 672